Како секој декември, корисниците со интелектуална попреченост од дневниот центар Порака Наша, ја одбележуваат изминатата година со новогодишна прослава на која со музика, низ игра и смеа, заеднички се веселат и во духот на претстојните празници се припремаат за прослава на Новата година.
Денеска, благодарение на професорите од музичкото училиште УОМО ‘’Панче Пешев’’ Куманово, Филип Антевски, Игор Величковски, Марко Митковски и Саша Спасиќ, денот беше исполнет со музика, песна, игра, насмевки и ракоплескање, инструменти, пеење и нарачки на добро познати песни кои им се омилени на самите корисници.
Благодарение на нив, лицата со интелектуална попреченост од Порака Наша имаа прилика во поголем број, во своето место, да уживаат во новогодишната забава која особено ни значи во овој период кога изминатите две години поради пандемијата дел од корисниците не присуствуваа на одредени настани.
Оставаме зад себе се она на што ни било непријатно и се веселиме за идниот период, посакувајќи си уште поубави денови, месеци и години.
Музиката ја сакаат сите, и тоа се гледа низ сликите преку нивните лица, движења, разиграните раце и насмевки.
Огромна благодарност до професорите и до нашиот пријател Милош Краљевски за Новогодишната прослава во пресрет на 2023 година.
Нека ни е среќна годината што иде.






