МИСИЈА НА ОСНОВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ
Основното музичко образование се организира за создавање на услови за ширење на музичката култура и за подготвување на учениците за натамошно образовние во оваа област од уметноста. Оваа дејност се остварува во училиштето за основно музичко образование, или во паралелки во училиштата за средно образование. За ширење на музичкото образование во Републиката може да се организираат и издвоени паралелки во редовните основни училишта. Учениците во училиштето за основно музичко образование паралелно се здобиваат со основното образование и основното музичко образование. Во образовниот и воспитниот процес преовладува индивидуалната, групната и одделенската настава. Нашето училиште обезбедува атмосфера во која ќе се поттикнува, развива и негува креативноста на учениците преку взаемна соработка на сите субјекти од училиштето и локалната средина со што ќе се овозможи истакнување на индивидуалните способности како активно справување со предизвиците на современото живеење.
ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Визијата на нашето музичко училиште е, во доглеедна иднина да се зголеми бројот на паралелките, бројот на наставен кадар, да се прошири училишниот простор, а училиштето од основно музичко училиште да прерасне во средно музичко училиште, каде што за изучување ке бидат застапени повеќе оддели (инструменти)
ЦЕЛИ НА ОСНОВНОТО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
ЗАДАЧИ ЗА ОСНОВНОТО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Задачи за соновното музичко образование учениците се:
• Да развива љубов кон музиката и инструментот кој го изучуваат;
• Да се запознае со основите на музичката писменост
• Да усвои потребни знаења за мелодиско и ритмичко читање на нотниот текст
• Да научи да свири по нотен текст на инструментот кој го изучува
• Да развива чуство за ритам и мелодија
• Да придонесува за развивање на музички чуства, да придонесува за формирање на
творечки креативни музички способности
• Да формира навики и потреби за посета на концерти, оперски претстаи и други музички приредби
• Да развива љубов спрема македонскиот фолклор и фолклорот на народноститекои живеат во Република Македонија
• Да создаде способност за соло, камерно и оркетарско (хорско) музицирање и др.